ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат кој е искрен кон бранителите

Од:

И додека во Комисијата  за труд и социјална политика трае дебатата за Законот за бранители , и се минати едвај десетина аманмани од 15.000 на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ медиумски се препукуваа  кој има а кој не искрен однос кон бранителите.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ нема искрен однос за носењето на законот.

„Членот на највисоките раководни органи на СДСМ Ѓунер Исмаил, јавно изјави дека “СДСМ од тактички причини го поддржа Законот за бранители, а не дека мисли нешто добро за тој Закон”,реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако некој нема искрен однос кон бранителите тоа е ВМРО – ДПМНЕ, одговорија од СДСМ.

„Во 2008 година, кога Никола Груевски не го поддржа законот за бранителите, ние го поддржавме и го поднесовме, а тие го одбија. Овде не можеме да зборуваме за тактика, можеме да зборуваме само за содржина. Можеме да зборуваме за тактика којашто ја гледаме веќе месец и кусур во рамките на собраниските комисии, кадешто се надмудруваат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за да купат време, и тоа манипулирајќи со бранителите“, изјави Гордан Георгиев.

„Неискрениот однос на владејачката партија се гледа и од фактот што во буџетот за 2013 година не се предвидуваат средства за решавање на статусот на бранителите“, реагираат од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните