ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на средба со граѓаните во населбата 8 ноември во Штип

Од:

Кандидатот за градоначалник на Штип, Илчо Захариев, заедно со кандидатите за советници од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“, денеска им ја претставија својата изборна програма на граѓаните од урбаната населба 8 ноември.

„Нашата девиза е: резултати секој ден, дела секој ден“, изјави Илчо Захариев пред насобраните граѓани.

Кандидатот на насобраните граѓани им претстави дел од стотината проекти што се наведени во неговата изборна програма, а се однесуваат на населбата 8 ноември.

Тој уште додаде: „Владата на Република Македонија мисли за Штип. После седумдесет години самостојна држава, првите 55 км автопат од Штип до Миладиновци до Скопје ќе бидат изградени во наредните три години. Помина времето на безбедни патишта, помина времето кога моравме да патуваме преку Велес.“

sds stip

Гостин на оваа средба беше и пратеникот Владимир Ѓорчев, кој својот мандат го доби токму од третата изборна единица, во која припаѓа и Штип.

Само 15 минути по завршувањето на средбата, на оддалеченост од дваесетина метри, кандидатот за градоначалник Здравко Коцев и кандидатите за советници во Општина Штип од редовите на коалицијата „Сојуз за иднината“ , исто така ја презентираа својата изборна програма пред граѓаните од оваа населба.

А, сега само останува на граѓаните е да одлучат, кој број на 24 март ќе го заокружат.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618