ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја оспоруваат победата на Дехари во Кичево

Од:

Kоалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја оспорува победата на Фатмир Дехари од ДУИ за градоначалник на Кичево во првиот круг. Поднесени се приговори за седум избирачки места со кои може да се доведе во прашање победата на кандидатот на ДУИ.

Се работи се избирачките места, четири во Осломеј, две во Зајас и едно во Kичево, каде што постоеле докази за групно и семејно гласање.

Според процените, гласовите од овие избирачки места можат да влијаат на конечниот изборен резултат и да бидат одлучувачки дали Дехари ќе ја потврди победата или прегласувањето ќе го смени резултатот.

Решенија по овие приговори ќе има во рок од 48 часа.

Само два дена откога Фатмир Дехари стана градоначалник на Кичево, премиерот Груевски дојде во градот за да ги смири тензиите меѓу револтираните граѓани Македонци. Но, таму бил пречекан од неколку стотини граѓани кои извикувале „уааа“, го исвиркале, а дошло и до туркање на присутните.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?