Министерот за внатрешни работи Панче Тошкови да си поднесе оставка за бегството на Блерим Рамадани бара СДСМ откако поранечниот член на ОВК избега од куќен притвор во земјава и се вратил во Косово. Од ВМРО-ДПМНЕ пак обвинуваат дека судии пврзани со претходната владејачка гарнитура го пуштиле Рамадани.
Додека Тошковски и МВР се обидуваат несмасно да спинуваат дека судот е виновен за бегството на Блерим Рамадани, тој веќе е на Косово. Има ли поголем доказ дека тој е намерно пуштен од МВР и Тошковски, што само за еден ден по бегството човекот е удобно дома па уште стигаат јасни пораки од Косово дека е таму, велат од СДСМ.
Кого се обидуваат да залажат институциите дека ова не е целосно сценарио за ослободување реализиран од МВР? Кој ќе сноси одговорност за бегството на човек баран со меѓународна потерница? СДСМ прашува до кога Тошковски ќе биде министер? Човекот шест месеци ја води институцијата МВР а безбедноста се влоши во секој сегмент. Имаме шест убиства или обиди за убиства од кои само едно е расчистено, имаме секојдневни грабежи сред бел ден без разрешница, се случува тотален хаос со пожарите додека тој е координатор на Кризниот Штаб, но никој не знае што координира.
Совршено јасно е дека Блерим Рамадани е пуштен во домашен притвор од каде избега од истите судии кои со години му слугуваат и го штитат криминалот на СДС и ДУИ, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.
– Зошто не реагира Судскиот совет на ваквата одлука на Судиите? Затоа ли СДС и ДУИ се против распуштање на Судскиот совет и реформи во судството? Да потсетиме дека ова не е прв случај да се пуштаат на слобода вакви лица. Во 2019 година на слобода е пуштен и Косоварот Томор Морина кој на Косово го пречекаа со музика, од истите судии и спрега која ја контролира СДС и ДУИ. СДС и ДУИ се рак рана и извор на криминалот во ова општество и ќе има одговорност за сите кои ја попречуваат правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека е потребна одговорност и разрешување на судијата кој дозволи бегство и го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани.
сметаат дека треба да има одговорност и за Судскиот совет кој како што велат дозволи да помине несанкционирано ова дивеење на судиите од криминалниот картел СДС-ДУИ.