ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ контра СДСМ: Предложија Селим Адеми вторпат да биде член на Судскиот совет

Од:

Со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на собраниската Комисија за изборите и именувањата минатата недела беше прифатен предлогот за нов член на Судскиот совет повторно да биде Селим Адеми. Точката денеска е ставена на дневен ред на пленарната седница.

Гостиварецот Адеми е поранешен член на Судскиот совет и кусо време беше заменик на претседателот. Тој во највисокото тело што избира, оценува и разрешува судии дојде како државен советник во Министерството за правда и од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Дипломирал право во Приштина, а магистрирал во Косово.

Предлогот на СДСМ за член на Судскиот совет бил Павлина Црвенковска, но не добил поддршка од ДУИ. Црвенковска е правник, која работела како раководител на оделение во Министерството за одбрана, како државен советник во Владата и како судски советник во скопскиот Апелационен суд.

Заедно со Адеми, по предлог на претседателот на државата, Стево Пендаровски, предложена е Весна Дамева, долгогодишен стручен соработник во Кривичниот суд во Скопје. Таа би дошла на местото на Виолета Богојеска, која треба да се врати во Управниот суд, од каде што дојде.

Дамева првин работела како приправник, магистранд е по кривично право, а посетувала низа обуки и семинари. Судии од скопска единица за „А1он“ велат дека станува збор за кадар со интегритет и квалитетна професионална кариера.

Миљазим Мустафа, по 14 години во извршната власт, влезе во Судскиот совет

Неодамна, по предлог на претседателот на државата, за член беше избран и кумановецот Миљазим Мустафа, кој 14 години работеше во извршната власт. Mандатот им истече на Лидија Каначковиќ и Селим Адеми, а во декември ѝ истекува на Виолета Богојеска, а во јануари на Шемседин Јусуфи.

Впечатокот на дел од јавноста е дека сепак, во Судскиот совет не се менуваат начините преку кои политичките центри на моќ се обидуваат да држат контрола врз судската власт.

Судскиот совет е често цел на јавните реакции на домашната стручна и општа јавност, но и на меѓународната заедница поради политичките влијанија при изборот и разрешувањето на судиите.

Пред неколку недели беше одложена седницата за избор на судии во Апелациониот суд во Скопје, меѓу другото и поради несогласувањата меѓу членовите кои застапувале различни позиции, кои се блиски до одредени центри на моќ.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството