Владеачкото мнозинство не ги поддржаа измените на Законите за основното и за средното образование, поднесени од група пратеници од опозициската СДСМ, со кои бараа укинување на екстерното тестирање.
Според опозицијата, со неколкугодишното спроведување на екстерното тестирање наместо да се подобри квалитетот на образованието, состојбите се влошиле.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, остана на ставот дека екстерното е дел од реформите кои се спроведуваат за подобрување на квалитетот на образованието.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се согласни да се разговара за подобрување на моделот на екстерното тестирање, но не и за укинување.
Атмосферата ја вжешти говорот на пратеничката Рената Десковска која девете години на владеење на ВМРО ДПМНЕ ги спореди со исто толкавиот број кругови од Пеколот на Данте. Екстерното тестирање е рече, производ на актуелната тоталитарната матрица.
Отфрлајќи го предлогот на СДСМ за укинување на екстерното ВМРО ДПМНЕ остана на аргументот дека со него ќе се постигне подобар квалитет на образованието.Ставот на опозицијата дека неговиот единствен ефект е деградирање на наставниците и на учениците .
Т.Ц.