ВМРО-ДПМНЕ: И денес народот дише загаден воздух, СДС од 20 милијарди евра потрошени пари не инвестираше ниту евро за почист воздух

Од:

„И денес народот дише загаден воздух, СДС од 20 милијарди евра потрошени пари не инвестираше ниту евро за почист воздух. СДС е централна власт 7 години, и за целиот тој период нема направено ниту една инвестиција, со која би се намалило загадувањето на воздухот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Неодговорноста се пресликува и во нивната коалиција со Данела Арсовска во град Скопје, каде имаат свој директор на чело на ЈСП, а во сред зиме нема доволно автобуси, претпријатието им должи на приватните превозници и нема решение за ништо.

Ковачевски и Арсовска се договараат за тендери, но не можат да се договорат да одвојат средства за намалување на загадувањето на воздухот.

Ковачевски наместо да ги мести советниците од неговата партија да држат пресови нека им каже дека соработува со Арсовска и дека имаат директор нивен кадар во ЈСП, кој набави нафта без да обезбеди вообичаен рабат.

Се што е поврзано со загадувањето на воздухот води до СДС. Затоа потребни се избори и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе подобра иднина“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела