ВМРО-ДПМНЕ: ХЕЦ Козјак не ја изгради Бранко, туку ние

Од:

Владеачката партија за посетата на Бранко Црвеновски на хидроцентралата Козјак реагира дека не е изградена во негово време.

„За волја на вистината фактите говорат дека околу 70% од средствата инвестирани и работите кои беа завршени околку браната Козјак се за време на мандати на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ангажмани и средства инвестирани во изградбата на оваа брана се од пресудно значење и се клучни за финализирање на оваа хидроцентрала, наспороти фактот дека Црвенковски го одолговлекуваше нејзиното градење“, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Црвенковски се фалел со туѓи проекти и со работа која што други ја направиле.

„Нема да не зачуди ако започне да се фали дека тој не ги намалил пензииите за 8% туку и ги зголемил.

Нема да не зачуди ако се пофали дека тој е човекот кој што инвестирал над 100 милиони евра за подобрување на македонското здравство.

Нема да не зачуди ако започне да се фали со други проекти што ги прави ВМРО-ДПМНЕ, односно дека реконструирал 126 основни училишта и 65 средни и дека реализирал проект за изградба на 24 нови училишта.

Нема да не зачуди ако Бранко Црвенковски продолжи да се фали со над 2000 проекти кои ги реализираше Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери