ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот во Македонија се плаќа со човечки животи

Од:

„Институциите се целосно нефункционални, бидејќи прв и единствен интерес на Заев и неговите најблиски соработници е личното богатење. Затоа владее хаос и неизвесност, а на две недели до почетокот на учебната година стотици илјади семејства не знаат дали и како ќе се прганизира наставата.

Состојбата со коронавирусот е загрижувачка. секојдневно се бележат нови заразени и нови починати. уште позагрижувачки е однесувањето и рамнодушноста на власта за целовкупната состојба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нови кластери се отвораат, како што е состојбата во психијатриската болница во Демир Хисар.

Бројот на активни случаи од 3.021 граѓани заболени со корона е поразителен. Македонија во август месец е високо на рангот на држави кои имаат најголем број на заразени на сто илјади жители со дури 594 случаи, далеку пред дел од земјите од регионот.

Системот на здравството не функционира со СДСМ на власт, состојбите во болниците и начинот на кој се третираат пациентите се мизерни, граѓани кои се негативни се ставаат во самоизолација или во карантин.

ВМРО-ДПМНЕ на многу наврати посочуваше дека мерките за превенција треба да бидат во примарен фокус, за да може да се стави крај на ширењето на вирусот, но власта со недостатокот од знаење и својата неспособност дозволи вирусот да земе се поголем замав.

Филипче и СДСМ со своите политики не знаат каде тераат, а безидејноста ја гледаме од почетокот на кризата до сега.

Неспособноста за одлучување и превземање на одговорност во грижата за учениците, неизвесноста која се одолговлекува само го зголемува нетрпението кај родителите, и покажува дека Филипче и СДСМ немаат никаква идеја што да прават.

Македонија е негативен пример за регионот и Европа и на врвот на земјите кои неуспешно се справуваат со коронавирусот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ