ВМРО-ДПМНЕ: Хакери ја рекетираат државата, целосен хаос во здравството

Од:

„Целосен хаос се случува во здравството, луѓе умираат чекајќи лекови, министри се менуваат како чорапи, нема плата за здравствените работници, а најново е тоа што хакери ја рекетираат државата и баараат откуп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете, хакери ја уценуваат владата на Ковачевски, бараат откуп, за да ги вратат назад податоците на граѓаните од веб страната на фондот за здравство.

Македонското здравство е во целосен колапс, а само пред неколку години СДС ги лажеше граѓаните, дека ќе имаат бесплатни здравствени услуги во ЕУ. Ковачевски не може да обезбеди нормални здравствени услуги во Македонија, а камоли во ЕУ.

Оваа неспособна власт треба да се самораспушти час поскоро, граѓаните го бараат тоа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела