ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев ги има најголемите порази во историјата на плурална Македонија

Од:

„Губитникот Заев ги има најголемите порази во историјата на плурална Македонија, време е за промена на централната власт и нова иднина. Губитникот Заев е поразен со над 100.000 гласови разлика, владата треба да падне и брзи избори што поскоро“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев каже дека доколку изгуби ќе си даде оставка. Заев изгуби, а оставката веќе 5 ти ден никако да стигне во собранието.

Заев треба веднаш да ја поднесе оставката, а веднаш потоа да се организираат и брзи предвремени избори.

Огромно мнозинство на граѓани одбраа промени. Ставот на граѓаните кои тие го изразија на избори минатата недела не соодвествува со состојбата во собранието, затоа се потребни избори кои ќе го ефектуираат ставот на народот во пратенички мандати.

Само нови избори ќе овозможат волјата на народот да биде пресликана во собранието, а потоа да има и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја стави државата на брза трака кон ЕУ, со потребните реформи и забрзан развој“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ