ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски

Од:

Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДС и ДУИ и МВР под водство на Оливер Спасовски. Сите знаеле за матните зделки, тендерите во четири очи, влијанието врз судството, криминалот и корупцијата и молчеле. Молчеле само поради една причина, а тоа е да не падне владата и да опстане коалицијата СДС- ДУИ. Димитар Ковачевски му бил соучесник во криминалот на Артан Груби. Оливер Спасовски и МВР, исто така, знаеле за криминалот на Груби и не реагирале, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Молчеле и не реагирале, со години немало никаква реакција од институциите под раководство на СДС и ДУИ. Само за да опстане коалицијата ден повеќе на власт и да продолжат криминалните зделки и богатењето на грбот на граѓаните. СДС се виновни за ширењето на криминалот и корупцијата на ниво на пандемиски рамери.

СДС се виновни за грабежот на Груби поради тоа што знаеле и имале можност, но не го спречиле од лукративни причини. Во СДС ништо не се менува и ден денес истите луѓе на Заев, Ковачевски, а сега Филипче повторно се таму. Истиот профил и ментална матрица на луѓе кои не носат нови, свежи и иновативни идеи за просперитетна иднина, туку се заглавени и испреплеткани во лавиринтите од минатото.

СДС наместо да спинува и да ја манипулира јавноста со евтини трикови, да се засрами затоа што функционери од СДС шурувале со криминални банди и структури и да го повика Груби да одговори пред правдата. Нема повеќе место за криминалци во политиката, време е за одговорност и посветеност, нешто што беше реткост да се види изминатите години“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски