ВМРО-ДПМНЕ: Груби и доделил државно земјиште на сопругата на Ковачевски за 70 денари по квадрат, а премиерот се вади на аргументот ‘не сум од овде’

Од:

„Владата на Ковачевски и овозможило богатење на сопругата на Ковачевски. Тоа е жалната реалност во која живееме. Додека народот осиромашува, функционерите од власта и нивните семејства се богатат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ниту една земја членка на Европската Унија сопруга на премиер не добива бизнис повластици и не добива државно земјиште за едно евро. Е токму компанијата на сопругата на премиерот со Одлука на владата, предводена од нејзиниот сопруг, добила можност да купи 1.119 м2 државна земја за цена од 70 денари за метар квадратен. Ковачевски се прави „наудрен“. Ако неговиот ортак Артан Груби ја потпишал оваа одлука, тоа не го амнестира од одговорност, влијание и злоупотреба на функција. Аргументите од типот „не сум од овде“ не поминуваат кај никого.

Ковачевски исто вака се однесуваше и кога излезе информацијата дека сопругата му влегува во бизнис од над 1 милион евра додека тој е премиер, а сега згора на се добива земјиште со потпис на Груби и истиот Ковачевски пак се прави изненаден. Со Груби очигледно си чуваат грб, односно он нему му помага за скандалите, овој и дава бизнис повластици на жена му.

Ова е правење пари на грбот на народот. Ова е класично користење на позициите за лични повластици. Ковачевски да имаше грам доблест ќе си поднесеше оставка. За ваквите злоупотреби ќе мора да понесе одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски