ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

Од:

Помалку смешно изгледа што СДС секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДС Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав „Бог се јави“, го честиташе со поздравот „Бог се роди“… што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ. Немаше потреба безидејното СДС да прави случај од овој лапсус на Венко и да го правда дека и за ова сме биле криви од ВМРО-ДПМНЕ. И дека цела јавност не видела дека Венко не згрешил и дека тоа е последица на грегоријанскиот календар кој е неколку дена пред јулијанскиот календар.

Не ја знаеме временската зона по која Венко се води, но грегоријанецот Венко треба да знае дека не се води по ниту еден календар затоа што е изгубен во времето и просторот. За таквото губење заслужен е Дубаи кланот со срдечна поддршка од екипата на Башановиќ. Очигледно Венко го влечат за нос и прават кловн од човекот, создавајќи паралели со Србија како да СДС е српска колонистичка партија и експозитура на српската политика. Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите, затоа што во иднина нема да нè зачуди, во деновите на лето да честита и Српска Нова година, нормално под менторство на неговите старатели од Белград, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?