ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните заслужуваат да знаат дали Заев како градоначалник ја злоупотребувал својата позиција?

Од:

„СДСМ ги потврдија информациите соопштени во скандалот каде Зоран Заев продава земјиште на кое денес Вице Заев гради зграда.

Тоа што во минатото не било покренато обвинение, не значи дека истото треба да биде амнестирано и не значи дека во иднина нема да се истражи случајот и да биде утврдена одговорност за ваквите сомнежи за криминал. Одговорност ќе има.

Ова е уште една потврда како криминалниот картел предводен од Зоран Заев кој како тогашен градоначалник на Струмица користејќи ја својата функција, продава државно земјиште, каде по повеќе постапки завршува во рацете на неговиот брат Вице Заев.

Граѓаните заслужуваат да знаат како братот и братучедот на Зоран Заев добиле дозвола да градат на тоа место. Исто така јавноста заслужува да знае дали Зоран Заев како тогашен градоначалник ја има злоупотребено својата позиција се со цел да се оствари ова.

Уште еднаш го повикуваме јавното обвинителство да ги испита тврдењата дали:

Однапред се знаел добитникот на парцелата?

Под кои услови е отстапено правото на градење?

Да го испита потеклото на парите на Сашко Брндевски околу 700 илјади евра кои се уплатени на сметката на општината.

Ова е класичен случај каде со искористување на функцијата градоначалник може многу јасно да се види како се прави бизнис во Струмица.

Ваквото енормно богатење на кланот на Заеви ниту е во интерес на општина Струмица ниту на економијата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал