ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во Мицкоски ја гледаат единствената надеж за спас

Од:

„Заев и неговите пајташи се во огромна паника. Граѓаните видоа како оваа криминална власт ја ограбува државата, а картелот на единствениот аболициран политичар во Европа, Зоран Заев продолжува да се богати на грбот на нароодот.

Уставот, законите, правната држава, името, идентитетот, јазикот и историјата се жртва на личните и бизнис интересите на аболицираниот Зоран Заев.

Граѓаните во претседателот Мицкоски и во ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат единствената надеж за спас и заштита на националните интереси, токму овој факт ја плаши одродената и криминална власт.

Македонија не може да се надева на европска иднина без правна држава која СДСМ ја укина.

Ова зло мора што поскоро да си замине, за да се тргне сивилото кое надвисна над Македонија денот кога Зоран Заев стана премиер“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања