А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните со месеци дишат загаден воздух полн со канцерогени ПМ 10 честички кој е штетен по нивното здравје

by А1он14/12/2018 - 09:05146
Share0

„Република Македонија се гуши! Скопјани вчера ја плаќаа највисоката цена на неспособната влада на Зоран Заев кој ги лажеше дека ќе го репел проблемот со загадувањето.

Добивај вести на вибер

Граѓаните со месеци дишат загаден воздух полн со канцерогени ПМ 10 честички кој е штетен по нивното здравје.

Мерните станици за квалитет на воздухот константно бележат енормно загадување на воздухот.

Вчера вечер на мерната станица кај Ректорат се измерени 296 ПМ10 честички на метар кубен, во Центар 270 ПМ10 честички на метар кубен, во општина Карпош 235, додека во општина Бутел 220 ПМ10 честички на метар кубен.

СДСМ не се грижи што граѓаните кои со месеци дишат отров, наместо чист воздух кој им го ветуваа. Напротив загадувањето се повеќе е проблем за сите граѓани.

СДСМ, Заев и Петре Шилегов немаат преземено ниту една посериозна марка за намалување на загадениот воздух. Наместо да инвестираат во решавање на овој проблем кој е рак-рана за граѓаните, тие одвојуваат 1.6 милиони евра за лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра за морски плодови, а се делат и милиони евра во четири очи.

Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива нивните судбини во црно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух.

Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс.

МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.

Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.

Доколку СДСМ, Заев и Шилегов се грижат за здравјето на граѓаните, мора веднаш да ги прифатат овие мерки.

Наместо решавање на проблемот со загадувањето, криминалниот картел на СДСМ е фокусиран на своите бизнис интереси и богатење на грбот на граѓаните.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните кои се против оваа ненародна и расипничка власт, да се придружат на протестот во недела во Велес во 13 часот.

Македонија мора и може да оди напред само доколку ова црнило наречено СДСМ и Заев си заминат час поскоро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmnezagaduvanje

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен