ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните секојдневно се трујат со воздух позагаден од било кога

Од:

СДС лаже, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Владата на СДС ветуваше чист воздух, а граѓаните секојдневно се трујат со воздух позагаден од кога било.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање, регистрираат се повисоки концентрации на ПМ10 честичките.

СДС во програмата за Град Скопје на страна 2, вети „Здрава животна средина за сите – преземаме итни мерки за да обезбедиме чиста вода и чист воздух“, а Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот.

На страна 3 од програмата за Град Скопје, СДС вети – „Дојде време да ја подобриме животната средина“, додека пак на страна 7, – „Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, во регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти“.

Локалните избори поминаа, а од сето ова граѓаните на граѓаните им остана загадениот воздух ризичен по нивното здравје и препораките помалку да се движат.

СДС наместо проекти, го укина и денот на дрвото, проект со кој до сега се засадија над 36 милиони садници. СДС ги манипулира граѓаните дека со поскапи паркинзи и забрана за движење на постарите автомобили на посиромашните ќе се исчистел воздухот, а во меѓувреме не излегоа од службените возила.

Владата на СДС и градоначалниците не презедоа ништо за да ги заштитат граѓаните од загадениот воздух“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ