ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се разочарани од криминалот и корупцијата кои царуваат во нашата држава

Од:

„Владеење на правото и економски просперитет се невозможни со Зоран Заев и СДСМ на власт. Тоа е се појасно со секој изминат ден. Надеж дека Заев ќе се откаже од криминалот, корупцијата и злоупотребите на институциите веќе нема.

Повеќе од 40 илјади граѓани досега учествуваа во акцијата за „Обнова на Македонија“. Овие граѓани се разочарани од криминалот и корупцијата кои царуваат во нашата држава. Разочарани се од лажните ветувања и неостварени очекувања на власта“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите заинтересирани невладини организации и здруженија и граѓани да се приклучат на „Обновата на Македонија“. Со граѓаните ќе го поразиме заевизмот, неправдата, сиромаштијата и ќе ја обновиме нашата татковина.

Очекуваме граѓаните да дадат квалитативен придонес во рамки на акцијата и подготвување на победничката изборната програма.

Веќе трета година нашата држава тоне на секое поле, граѓаните се осиромашени и понижени, нема никакви проекти, тоне образованието и здравството. Судството служи како политичка алатка на Зоран Заев за прогон на неговите неистомисленици и амнестија на неговите соработници.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата криминална банда им сервираат на граѓаните само порази. Доаѓа крајот на погубните политики на СДСМ.

Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на тажната политичка кариера на Зоран Заев, човекот кој целосно ја девастираше Република Македонија на секое поле. Македонскиот граѓанин ќе одбере обнова, наместо безнадежност, проекти наместо безидејност и правда наместо криминал и корупција, на 12 април македонскиот народ ќе одбере „Обнова на Македонија“ и ќе ја испрати во историјата ова криминално рекетарска банда“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски