ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат одговор на кого му пречат православните гробишта во Љуботен

Од:

Деjан Митровски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека е срамно и недолично Оливер Спасовски наместо да ја работи работата за која што е платен со пари од граѓаните, да се фокусира на лиферување на невистините информации преку порталите.

– Не, господине Спасовски! Никој од ВМРО ДПМНЕ ниту го нарачал, ниту учествувал во сквернавењето на гробиштата. Пренесете им го тоа на вашите блиски портали. Самата помисла на вакво нешто покажува колку монструозно и извитоперено размислувате Вие и сајтовите под ваша контрола.
 ВМРО-ДПМНЕ бара Оливер Спасовски наместо со срамен политички ПР да се зафати со вистинската работа и да ги открие сторителите на подмолниот вандалски чин во кој беа осквернавени 30-тина православни гробови во Љуботен, рече Митровски.

Според него, граѓаните се повеќе се вознемирени и очекуваат одговор на прашањето кому му пречат православните гробишта во селото. Како што кажа Митровски, со секој изминат ден се зголемува сомнежот дека сторителот на тој чин е заштитен од некого.

– Доколку полицијата предводена од Оливер Спасовски нема капацитет да ги открие сторителите на едно вакво дело и доколку полицијата не може да го гарантира мирот и безбедноста на жителите на Љуботен, тогаш прашање е за што е способна?, запраша Митровски.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?