ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат од СДС да ги реализираат проектите кои ги најавуваа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Благој Бочварски.

„Крајно време е СДС да прекине да се однесува како во опозиција.

Граѓаните од СДС очекуваат да ги реализираат проектите кои помпезно им ги најавуваа на граѓаните во предизборниот период.

Граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16 000 денари, просечна плата од 30 000 денари, 100 000 денари за докторите, 500 километри автопат, а не манипулации и безпредметни прес конференции.

ВМРО-ДПМНЕ ја информираше јавноста дека ЛЕД мониторите се набавени во транспарентна процедура и на законски начин. Доколку има било каков сомнеж дека е сторено нешто надвор од законот, државните органи се во рацете на СДС и можат да покренат соодветна постапка.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, имаше средства и за набавка на ЛЕД монитори, но и за покачување на платите, покачување на пензиите, отворање нови работни места, инвестирање во инфраструктурни проекти, инвестирање во образованието и многу други сектори. Сега, гледаме само блокади и укинувања на проекти и задолжувања.

СДС наместо да држат безидејни прес конференции занимавајќи се со дневна политика, деструкција, блокади и евтин популизам, крајно време е да почнат да ги реализираат проектите кои ги ветуваа“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито