ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не гледаат со розевите наочари на Заев, граѓаните ја живеат суровата реалност секој ден

Од:

Република Македонија од ден во ден е се посиромашна. Шаторите на работниците од Еурокомпозит пред Влада потсеќаат на едно мрачно минато. Десетици работници од Прилеп поради безизлезноста во која ги втурна Заев сега ноќеваат пред Влада, вели ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Колку успешна е економската политика на Заев се гледа и по се пополните автобуси со млади луѓе кои ја напуштаат Македонија. Доколку Македонија оди напред болни деца ќе се лечат со пари од ФЗО, а не со СМС пораки.

Вистинската слика за економијата не е розева како што Зоран Заев и неговите перјаници се обидуваат да претстават.

Наводниот раст од 4.1% е уште една голема лага. Растот е во проценти толкав само затоа што лани беше катастрофално низок.

Граѓаните не гледаат со розевите наочари на Заев. Граѓаните ја живеат суровата реалност секој ден. Заев треба да си замине, затоа што не постигна никакво реално подобрување на животот на граѓаните.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ