ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев

Од:

„Заев трет ден молчи и бега од одговор, одбивајќи да и каже на македонската јавност што точно договорил во Софија. Заев има обврска за транспарентно и инклузивно работење особено кога станува збор за прашања од највисок национален интерес.

Граѓаните на Република Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев во договорот чие потпишување го најави за 2 август.

Зоран Заев треба да им одговори на македонските граѓани кои делови од учебниците по историја ќе ги брише и кој ќе одлучи што да се брише? Дали ги прашал за тоа македонските граѓани на кои им ветуваше дебата за секое позначајно прашање?

Заев молчи, но затоа гласни се поединци од Бугарија, кои со восхит гледаат на дејствијата на Заев, според кои македонскиот јазик е пишана форма на бугарски дијалект, а македонската историја е бугарска.

Дали целта на Заев е Македонија, нејзиниот јазик, култура и историја да бидат негирани? Вака ли планира Заев да ја води Република Македонија, со виткање на кичмата за секое позначајно национално и државно прашање.

Заев ја обвинува Република Македонија за ширење на омраза и национализам, без притоа да каже каков национализам и омраза покажувала Република Македонија од осамостојувањето до денес. Ја обвинува Македонија, но молчи пред сите изливи на национализам кои се упатени кон земјава, а чии интереси тој како Премиер е должен да ги штити.

Граѓаните од СДС не очекуваат распродажба на националните интереси и разградување на националното ткиво, туку 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата, нови 500 километри автопат, а лекарите очекуваат 100.000 денари плата кои СДС им ги вети“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски