ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните имаат право на чист воздух, тоа е обврска за власта

Од:

„Зоран Заев и СДСМ покажаa дека се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух.

Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во Светот.

Две години неговите министри и градоначалници немаат мрднато со прст да го решат овој горчив проглем.

Единствено што прават е спиење во собраниските клупи, играње игрици на мобилен и промовирање на лажни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух.

На граѓаните едноставно им останува да се молат да дувне ветер или да заврне дожд зошто само на таков начин можат да подишат барем малку почист воздух.

Ова вака не смее да продолжи!

Граѓаните се директна жртва на негрижата на власта.

Болниците низ државата секојдневно се полнат со пациенти кои страдаат од срцеви и белодробни проблеми настанати како последица на загадувањето.

СДСМ не ги интересира здравјето на граѓаните на Република Македонија. Тие се заинтересирани како само расипнички да го трошат буџетот на државата.

Колкава е грижата на СДСМ за животната средина покажува фактот дека само 1.6 милиони евра се издвоени за цела 2019-та година за зштита на животната средина.

Граѓаните имаат право на чист воздух, а тоа е обврска за власта.

Заев, Макрадули, Шилегов и СДСМ треба да знаат дека поради нивната негрижа околу 3.000 лица во Македонија умираат поради загадувањето.

Државата и граѓаните се жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ да го решат проблемот со загадувањето. Затоа граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите црнила кои и ги нанесоа на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата