ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гласаа против деструкцијата на СДСМ/Сорос

Од:

„Интересите на СДСМ/Сорос се спротивни од интересите на Република Македонија и македонскиот народ.

СДСМ/Сорос го одбраа патот посочен од нивниот спонзор, се ставија во негова одбрана и започнаа со навреди и омаловажувања кон американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација.

За скапо платените соросоиди не е проблем по наредба да влезат во конфликт со кого било водејќи се од лични интереси и желбата да продолжат да легнуваат на нивните сметки платите повисоки од 3.000 евра.

За такви суми, воопшто не им е проблем да организираат насилства и демонстрации во кои жртви се полициските службеници, а штетите тешки милиони евра ги плаќаат македонските граѓани.

Нивните интереси се во конфликт со интересите на Македонија и македонскиот народ.

Владата на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во наредните четири години ќе работи во тесна комуникација и ќе соработува со новата администрација на Трамп, за остварувањето на стратешките цели на државата. Наша приоритет и цел останува членството во НАТО и во Европската Унија при што важна е соработката со нашите партнери САД и Европа.

Граѓаните гласаа против деструкцијата и кризата во која што СДСМ/Сорос ја втурнаа земјава во изминативе години.

Граѓаните гласаа за проекти, стабилност и просперитет.

ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи максимални напори за отворање простор за работа на невладин сектор кој ќе биде целосно во функција на граѓаните, а не во функција на аболицирани криминалци и туѓи интереси“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина