ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги прочитаа СДСМ и Заев

Од:

„СДСМ е во очигледна паника. Аболицираниот криминалец Зоран Заев беше поразен од граѓаните и мора да ја прифати нивната волја. Над 455 илјади граѓани гласаа за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивната одлука кој треба да ја води државата не може да биде поништена со ниедно срамно соопштение нарачано од Заев.

Очигледно СДСМ се уште е заложник на аболицираниот криминалец Зоран Заев и затоа мора со жолчни текстови да ја брани неговата деструктивна, антидржавна политика.

На граѓаните, дури и оние кои гласаа за СДСМ, сега им е јасно целото сценарио по кое Зоран Заев работи за да ја разгради Македонија. На сите им јасно дека СДСМ и Зоран Заев немаат идеја за подобар живот на граѓаните или пак конкретна програма и проекти, туку се работи само за гола борба за власт и спас на кариерата на еден криминалец како Заев кој се задскрива зад улогата политичар.

Оваа цел, за жал СДСМ е подготвена да ја оствари по секоја цена. Граѓаните ги прочитаа СДСМ и Заев. Враќање назад за Зоран Заев, нема“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ