ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Ранковце ја партизира општината

Од:

Градоначалникот на Ранковце Момчило Алексовски е еден од многуте примери на градоначалници од СДСМ кој на секаков можен начин вршат груба партизација на општините, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Алексовски, кој обвини дека директорката на ранковското ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ не дозволува примопредавање на должноста.

– Тој по стапувањето на функцијата градоначалник на општината почна со својата пракса да вработува партиски луѓе во општината. Со цел да се ослободи место за што повеќе вработувања и да се направи целосна партизација во општината, тој на незаконски начин и врачи отказ и ја избрка од своето работно место г-ѓа Слаѓана Николовска. Обидувајќи се да го сокрие грубиот начин на партизација и вработување на што повеќе членови од редовите на СДСМ во Општина Ранковце, Момчило Алексовски само го потврдува начинот според кој се вработуваат луѓе од редовите на СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија го повика градоначалникот на СДСМ да ги остави институциите да си ја вршат својата работа и тие да одлучат дали и какви мерки треба да се преземат.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ