ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка пијан тепал полицаец, Ковачевски наместо да го штити треба да го повика да си даде оставка

Од:

„Граѓаните со градоначалниците на СДС наместо проекти добиваат насилство и закани. Имено, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски наместо да создава подобри услови за живеење на граѓаните, тој тепа и напаѓа свои сограѓани по улици“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалникот Сашко Митовски на 14-ти јануари во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаква причина. А, по инцидентот, биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство за да ја повлечат пријавата против градоначалникот Митовски.

Уште пострашно е тоа што, овој невиден скандал СДС се обиде да го заташка, наместо веднаш да побара оставка и одговорност од нивниот сопартиец. По сторениот скандал градоначалникот Митовски не е достоен на функцијата што ја има како градоначалник, тој веднаш треба да си поднесе оставка.

Ова не е само обично насилство, бидејќи е направено од човек кој ја користи моќта која му ја дава функцијата за да ги напаѓа своите сограѓани.

СДС и нивниот сопартиец Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не се плаши на шерифувањето и заканувањето на СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела