ВМРО-ДПМНЕ: Гордан Георгиев бесрамно лаже

Од:

Портпаролот на Бранко Црвенковски, Гордан Горгиев не ја кажува вистината. Тој бесрамно лаже.

Во овие неколку години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, повеќе од половината од долгот направен од СДСМ, односно 76 милиони евра е исплатен, односно вратен. – Во време на СДСМ, во периодот 2004-2005 година од Македонски Железници беа отпуштени дури 750 вработени. Платите на останатите вработени доцнеа дури до 15 месеци. Каде беа тогаш Гордан Горгиев и СДСМ да регираат.

Поради децениското финансиско истоштување на Македонските Железници, денес се прават сериозни напори претпријатието да се консолидира. – Се преземаат конкретни мерки, досега се набавени 36 нови товарни вагони, репарирани се 4 локомотиви. Во план е и набавка на брзите возови. Во постапка е набавка на 150 нови вагони, 2 локомотиви и 5 гарнитури на возови.

Што се однесува до деловното работење и матните зделки кои често ги споменува СДСМ, би потенцирале дека тие се одлика за нивната партија.

За тоа како СДСМ работи, најдобро говори документот од Штип каде на површина излегуваат политичките пазари и распределбата на бизнис зделките меѓу функционерите на СДСМ. Наместо молк тие треба да одговорат со колку пари и со колку бизнис зделки го купуваат мирот во општинските организации на СДСМ.

Сдсмовскиот талибанизам може да се види во секој сегмент од нивното дејствување. Во нивно време тие кои мислеа поинаку беа тепани. Доказ за тоа се инцидентите во Ѓорче Петров, инцидентите во Тетово и Гоствар, тепањето на земјоделците во Куклиш, Плетвар и Радовиш, убиството на Диме Ицковски Поштарот, тепањето на граѓаните во Струга, ладнокрвното убиство кој го направи Аце Боцевски–Циганот во центарот на градот и беше пуштен на слобода…

Она што цели 15 години СДСМ го правеше со државата, сега Бранко Црвенковски продолжува да го спроведува во партијата. Па така сите кои мислат поинаку се тргаат на страна и се дистанцираат. Токму затоа на СДСМ му се потребни договори и пазарења како штипскиот договор, тие впрочем така го купуваат мирот во партиските редови, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски