ВМРО-ДПМНЕ: Годинава нема ниту „п“ од преговори, а на Заев не му бегаат грчките плажи

Од:

„Зоран Заев минатата година најави дека добил датум за преговори. Во владиниот авион прослави дека преговорите со ЕУ ќе почнат овој јуни и замина да се разлади на море во Грција.

Годинава нема ниту “п” од преговори, а на Заев не му бегаат грчките плажи или развозувањето со скапите мотори.

На Зоран Заев не му е гајле што Европа не сака да го види на преговарачка маса. На Зоран Заев му одговара да се пролонгираат преговорите затоа што само така ќе може да си ги дели тендерите и да вработува роднини и љубовници на партиските послушници.

Цената на криминалот, корупцијата и неспособноста на Зоран Заев да испорача реформи ја плаќаат граѓаните. Зоран Заев добива ладен туш, а за жал народот е тој што се разболува. Патот кон ЕУ не е отворен, но затоа овоштарите трасираат пат со праски, бидејќи Заев и владата не ја интересира каде и како ќе го пласираат сопствениот род, иако им ветуваа и брда и долини.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека владата на Зоран Заев ќе доживее фијаско заради неспособноста да ги испорача реформите кои земјите членки на ЕУ ги бараат.

Последните најави дека сега датумот ќе дошол во октомври кои повторно ги изнесува Заев се попусти, затоа што датумот ќе дојде со реформите, а реформи нема. Впрочем кои европски лидери сега му се криви на Заев што државата оди назад во секоја област.

Останува граѓаните да се прашуваат зошто од нивниот џеб беа потрошени повеќе од 180 000 евра за прославите за датум за преговори со Европската Унија.

Одговорност за неуспехот мора да има. Граѓаните не смеат да ја плаќаат цената за неспособноста и криминалите на Заев. Македонија не смее да биде казнета заради Заев. Датум за преговори треба да биде даден, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира преговорите и реформите неопходни за членство во ЕУ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање