ВМРО-ДПМНЕ го промовираше кандидатот за градоначалник на Бутел

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва го промовираше кандидатот за градоначалник за Општин Бутел, Петре Латиновски.

Коце Трајановски, градоначалник на Скопје и кандидат за уште еден мандат најавувајќи го Латиновски рече дека делата и нивната работа говорат за нив. Ја повика уште еднаш опозицијата да понуди програма и да излезе на избори па таму да каже што направиле и што ќе направат за Бутел.

– Јас Скопје одлично го познавам, секојдневно живеам со неговите проблеми. Мене ми дадовте доверба да бидам градоначалник на Скопје, а на Латиновски да биде градоначалник на Бутел. Тоа е чест, но и голема одговорност да се решат проблемите кои со години се натрупувале, рече Трајановски.

Плод на таа посветеност се 500 реализирани проекти во Скопје, со помош на Бутел и Латиновски. Проектите кои беа реализирани го сменија ликот на Скопје, но и на Бутел како општина.

Во изминатите четири години Латиновски успеа да ги реазлизира проектите за целосно реконструирање на улицата „Радишанска“, за нова модерна кружна крстосница, уште еден кружен тек, реконструирани се и други улици, изграден резервоар за Кучевичка бара и бел камен со што целосно ќе биде решен проблемот со водоснабдување, изградена е атмосферска канализација…

Трајановски во својот говор посака Јохан Тарчуловски наскоро да биде во Македонија, со своите сограѓани од Бутел.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците