ВМРО-ДПМНЕ го промовира кандидатот за градоначалник на Вевчани, Цветомир Угриноски

Од:

Доколку борбата на граѓаните на Вевчани во комунизмот беше поврзана со правото на демократија, а на почетоците на независноста за своја општина, убеден сум дека денес новата голема битка на Вевчани е подобрувањето на животот на граѓаните. Вака вечерва на партиска конвенција на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани им се обрати на вевчанци  кандидатот за градоначалник од оваа партија Цветомир Угриноски.

Угриноски пред своите сограѓани вети поголем развој на општината, инвестиции и подобар живот.

– За време на мојот мандат како ваш градоначалник, јавно ветувам дека ќе се заложам за создавање услови за развој на зимскиот и на летниот туризам преку создавање услови за вложување во сместувачките капацитети, како и за отворање на индустриска зона со цел заинтересираните компании да инвестираат во нашите краишта. Ќе го реализирам и проектот „Општината ги стипендира најдобрите“ со цел да ги поттикнеме најдобрите ученици и студенти од Вевчани, ќе ја изградиме спортската сала во основното училиште „Страшо Пинџур“, како и повеќенаменско спортско игралиште,  рече Угриноски.

Доколку ја добие довербата на своите сограѓани, тој вети и доградба на канализациската мрежа во Вевчани, подобрување на хигиената во општината и доградба на кејот по должината на Вевчанска Река.

– Во насока на подобрување на условите за живот ќе се заложам и за поставување бесплатни интернет-точки на повеќе локации во Вевчани. Конечно, но не помалку важно јавно ветувам дека ќе продолжиме со натамошна урбанизација на просторот, со асфалтирање на улици, како и со подобрување на патната инфраструктура, додаде Угриноски.

Според претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани Нацко Ставрески, Вевчани, иако е мала општина, сепак е значаен дел од Република Македонија, поради што, како што рече, мора да се реализираат новите идеи и со нови сили да се продолжи кон остварување подобар живот на граѓаните.

– Со оглед на нашето долгогодишно опстојување како лидери на политичката сцена во општина Вевчани, не смееме ни најмалку да затрепериме, но да продолжиме онаму каде што застанавме и  со заеднички сили сплотени и единствени да оствариме нова победа и успех за доброто на Вевчани, подвлече Ставрески.

Кандидатот за градоначалник на Вевчани од ВМРО-ДПМНЕ Цветомир Угриноски е приватенн стопанственик кој доколку победи на локалните избори закажани за 24 март годинава, ќе го наследи неговиот сопартиец, актуелниот градоначалник Перо Илиески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините