ВМРО-ДПМНЕ: Го повикуваме Каевски да ги отвори истите сомнежи за Османи, Заев и Димитров

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција и го повикуваат Дарко Каевски од СДСМ да одржи прес конференција пред МНР и Владата.

„Кога Мицкоски се среќава со официјални лица од Унгарија, министри и премиерот Орбан тогаш СДСМ не бира средства да ги навреди нашите големи пријатели и пријатели на Македонија, а кога Османи, Димитров и Заев се среќавале тогаш благодарни сме за поддршка од официјална Будимпешта.

Ваквата погрешна политика ве одведе кон дебакл во двата круга на локалните избори, а ќе ве одведе и во катастрофален пораз на следните предвремени парламентарни избори. Го потценувате народот.

Ваквата политика на поделби за жал создава повеќе противници отколку пријатели и во земјите членки на ЕУ. Наместо да го поздрават гестот со кој беше поканет Мицкоски заедно да ги следи резултатите со премиерот Орбан, можност да се добие поддршка повеќе од еден од најстабилните ЕУ лидери и сигурно земја која е помеѓу највлијателните во Централна Европа, СДСМ се служи со навреди, конструкции и сее омраза кон докажани пријатели на Македонија!

За истите вакви лажни обвинувања и манипулации СДСМ беше осудена за ширење на клевети во случајот на суд со претседателот Мицкоски“, се наведува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал