ВМРО-ДПМНЕ го осудува обивањето на седиштето на Демократската партија на Србите во Македонија

Од:

„ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува вандалскиот чин на обивање на седиштето на Демократската партија на Србите во Македонија. Да се нападне и да се претура по седиштето на партијата во предизборен период е скандал кој остава темна дамка на демократијата и на предизборниот процес.

ВМРО ДПМНЕ бара Министерството за внатрешни работи конечно да почне да ја врши улогата и обврските кои ги има согласно Уставот и законите. Наместо да се злоупотребува униформата и ресурсите во политички цели, министерството мора веднаш да ги пронајде виновниците на овој вандалски чин и да ги изведе пред лицето на правдата. Во спротивно, нивното неказнување ќе биде уште една порака која ќе ги поттикне насилниците да предизвикуваат уште вакви инциденти во предизборниот период“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?