ВМРО-ДПМНЕ го осудува некролошкото однесување на членови на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира против говор на омраза и срамо и ниско ниво на комуникација, како што пишуваат во соопштението, на членовите и активисти на СДСМ.

„Срамниот говор на омраза и срамното и ниско ниво на комуникација на членовите и активистите на СДСМ, мора веднаш најостро да бидат осудени и санкционирани.

СДСМ во моменти на длабок очај, соочувајќи се со поразот кој им го нанесоа граѓаните, посакуваат нечија смрт само за да си ги задоволат сопствените потреби на гнев и омраза.

Колку е очаен аболицираниот криминалец Зоран Заев покажува фактот што ги тера и неговите професори- послушници, самопрогласениот интелектуалец Тито Беличанец, на недоличен начин да се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Никола Груевски.

Очигледно аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ, не можат да се помират со црвениот картон кој им го дадоа граѓаните на Република Македонија. Поразот на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев од 11-ти декември е цената која ја платија за нивната деструктивна и анти-државна агенда.

Како што Заев продолжува да тоне, така стануваат се пониски навредите што ги нарачува, а срамот кој на себе го навлекуваат послушните професори- извршители како Тито Беличанец, станува се поголем. Времето на аболицираниот криминалец Зоран Заев помина. Ова се последните негови чекори пред заминување во политичката историја, каде ќе заземе место на ѕидот на срамот.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото некролошко однесување на членовите на СДСМ и очекуваме дека во најбрз можен рок ќе реагираат институциите“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината