ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз Елвис Бајрам: Институциите покажуваат недостаток на капацитет за расветлување на ваквите настани

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува крвавиот инцидент и физичкиот напад врз кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари Еливс Бајрам. Нападнат е актуелен истовремено и кандидат за градоначалник. Нанесени му се тешки телесни поврди, со тупаници, боксирачи, метални шипки.

Ова преставува уште едно грубо и брутално нарушување на изборниот процес. Имаме серија на груби прекршувања на изборниот закон и инциденти на кој полицијата и институциите на владата предводена од СДС молчат.

Институциите покажуваат недостаток на капaцитет и способност да ги расветлат ваквите настани, додека органите под контрола на СДС се активно вклучени во нарушување на изборната атмосфера.

Сите овие инциденти се израз на нервозата во редовите на СДС и свесноста дека тие ќе доживеат пораз. Кога не би биле нервозни и соочени со уште еден изборен пораз не би се случувале груби нарушувања на изборниот процес.

Има сериозни дамки врз изборниот процес. Пукање, физички пресметки, тешки телесни повреди, злоупотреба на полиција во изборни цели, закани, притисоци, искршени штабови, партиски агитирања од членови на изборните комисии е само мал дел од сликата која СДС ја гради и доказ за нервозата поради поразот на 15 септември.

Треба ли човечки живот да се загуби за да институциите дејствуваат?

Епилогот од првите десет дена избори се:
1. Физички нападнат кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари со тешки телесни повреди.
2. Беше затрелан носителот на советничка листа во Кичево Алит Абази.
3. Кандидатот за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев без било каква причина беше застанат и малтретиран од страна на претставници на МВР, а досега никој за жал не е санкциониран поради тој настан.
4. Искршени се штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Битола, демолиран штаб на Демократската партија на србите која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
5. Во Прилеп, кандидатот за градоначалник од СДС заедно со пратеничката на СДС од Прилеп и директорот на Центарот за социјални работи, организирано делеа зејтин и останати намирници меѓу граѓаните.
6. Претходно, во Ресен директорката на центарот за социјални работи им се заканувала на станарите во социјалните згради дека ако не гласаат на СДС, треба да си ги пакуваат куферите.
7. Два дена подоцна, во Крушево беше обелоденет скандал со сеча на огревно дрво, кое подоцна беше делено на граѓаните пред штабот на СДС во градот, секако, барајќи гласови за возврат.
8. Спротивно на законот организираат избори и агитираат за СДС. Претседателот на Општинската Изборна Комисија во Кисела Вода, и Кратово наместо организирање на избори одат и агитираат во кампањата на СДС.
9. Имаме флагрантно мешање на партијата и државата. Министерката за труд и социјална политика се вклучи во изборите и ги лаже граѓаните дека ќе изгради градинка, а по којзнае којпат министерот за земјоделие Љупчо Николоски иако реално ги намали субвенциите на двеипол недели пред изборите ветува дека ќе се дале субвенции.
10. Куманово е преплавено со партиска полиција, која во последните четири месеци Оливер Спасовски ја стави во функција на СДС, а цело СВР Тетово е на партиски состаноци во Мала Речица за што има и фотографии од тоа.
11. Се случува организирана политичка хајка против кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. На само ден по објавување на кандидатурите се почна со објавување на измислени кривични пријави за измислени дела. Па така се поднесоа пријави против градоначалниците на Крива Паланка само затоа што организирал превоз на ученици од социјално ранливи семејства, за надоместок помал од 3 илјади евра, за градоначалникот на Велес затоа што ставил точка на дневен ред пред повеќе од 5 години на советот на општина Велес, за градоначалникот на Прилеп затоа што не ја осигурал општиската зграда од нагрдувањето извршено од шарените платеници, додека тие сега слободно шетаат низ градот, извршен е упад во исто време во општината и фирмата на градоначалникот на Вевчани, измислени пријави добија и градоначалниците на Кавадарци, Ново Село и Штип затоа тоа што направил пристапен пат до фабрика која е странска инвестиција и која што вработува стотици штипјани.

Нервозата доминира во редовите на СДС, но ќе им порачаме дека поразот не им бега на 15 октомври.

Енергијата кај народот нема да ја сопрат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија