ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека врши притисок врз Управниот суд и ДИК

Од:

„СДС со притисокот врз Управниот суд и ДИК, за тие да одлучат во за нив посакуваната насока, мисли дека го прикриле поткупот на гласачи, заканите и уцените врз граѓаните, кои тие и нивните активисти ги вршеа.

СДС и сите прекршители на законите треба да знаат, дека криминалот кој сега го прават нема да остане неказнет.

Распитот на судиите од Управен суд, континуираниот притисок и закани упатени директно кон судиите и нивниот интегритет за донесени пресуди или мислења за пресуди кои изминатиот период ги вршеше СДС и нивната политичко инструментализирана алатка СЈО, предизвика истиот да одлучува врз притисок, а не врз основа на закон.

Завчера Управниот суд поради политичкиот притисок кој во изминатиот период го вршеа, СЈО, СДС и медиумите блиски до нив, подлегна на притисокот и реши да ги заобиколи законите и да не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место каде што ВМРО-ДПМНЕ имаше покренато тужби за еклатантни изборни нерегуларности.

Медиумската хајка која ја спроведуваа телевизиите блиски до СДС, политичкиот прогон на СЈО, но и притисокот од раководство на СДС кое јавно повикуваше смена и кривична одговорност за судиите кои не беа по нивен партиски терк во предизборниот период, се само неколку од многуте примери за притисоци под кој беше оваа институција но и самите судии во изминатата година.

Полнење на кутиите со однапред заокружени ливчиња за СДС, со методот на т.н. бугарски воз, гласачки ливчиња од Карпош најдени во Велес, најдени и во Струмица, најдени ливчиња од Врапчиште во Гостивар, гласачки ливчиња со ист сериски број во Ресен, поткуп и агитација пред избирачки места, само го потврдуваат фактот дека во Република Македонија се случи изборен фалсификат од невиден размери.

И покрај сите овие докази, Управниот Суд, а претходно и ДИК, потпаднати под политичкиот притисок на СЈО и СДС, одлучија дека потреба од прегласување нема, за ниту едно избирачко место.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека вакво ставање во функција на очигледен изборен криминал кој СДС го прави на овие локални избори, нема да остане не казнет.

Со враќање на правната држава и демократијата, ќе има индивидуална одговорност за секој оној кој го прекршил законот. Изборен криминал од ваков размер не може и не смее да остане не казнет“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години