ВМРО-ДПМНЕ го обвини кумановскиот градоначалник за неодговорно раководење

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини актуелниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски за некомпетентно и неодговорно раководење со општината.

Пратеникот Јордан Пачков на прес-конференција оцени дека Дамјановски за време на неговиот мандат како градоначалник не успеал да го претвори Куманово во урбана европска општина.

– Не успеа во овие девет години да креира среден сообраќај или средени и чисти парковски површини, фонтани, спортски терени, трим патеки, велосипетски патеки, патеки за лица со посебни потреби, мали детски игралишта, се што би требало да биде лик на една урбана европска општина, истакна Пачков.

Покажувајќи фотографии од диви депонии во близина на градот, Пачков праша дали има европски град со диви депонии низ улиците, со загадени фонтани и речно корито што поминува низ централните градски средини.

– Вие можете да зборувате што сакате, но граѓаните на општина Куманово секојдневно гледаат во какво европско Куманово живеат, благодарејќи на вас и вашето некомпетентно, неодговорно раководење со општината, рече Пачков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст