ВМРО – ДПМНЕ го честиташе празникот Св. Климент Охридски

Од:

ВМРО – ДПМНЕ денеска испрати честитка до граѓаните на Република Македонија, честитајчи им го државниот и христијански празник Свети Климент Охридски.

– Светиот Климент Охридски е наш, но и европски цивилизациски симбол, кој со својата просвета не заостана зад своите учители светите браќа Кирил и Методиј, туку го продолжи нивното хумано и духовно дело. Неговото дело не е само наше духовно и културно богатство, туку е дел од темелите на европската цивилизација и култура. Денот посветен на Свети Климент Охридски, основачот на Охридската архиепископија, основоположник на Охридската книжевна школа и творец на кирилското писмо, е ден кога се одбележува неговата рамно апостолска дејност и можност да се афирмираат заедничките христијански и цивилизациски вредности на човекољубие, вербата во Бог и надеж во подобар и попросперитен свет.

Универзалната големина на делото на Светиот Климент Охридски долг кон него, но и аманет кон идните генерации да се почитува нашата традиција и духовно наследство со кое сме го задолжиле Светот – се вели во четистиката од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела