ВМРО – ДПМНЕ го честита Рамазан Бајрам

Од:

ВМРО – ДПМНЕ им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам на сите припадници на муслиманската вероисповест кои живеат во Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност.

– Овие денови кои тие ги поминуваат во духот на празничната радост и со своите најблиски роднини и пријатели, се денови кога се јакнат вредностите на толеранција, меѓусебно разбирање и соживот. Сега е моментот кога е најдобар миг да ги направиме уште поцврсти нашите долговековни принципи на градење на соживот и меѓусебно разбирање, без разлика на верската или етничка припадност- се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

На нашите сограѓани од муслиманска вероисповед, се додава, им посакуваме овој голем празник да го поминат во семејна радост, хуманост и хармонија, меѓу своите најблиски, роднини, пријатели и соседи, со најискрени желби за успех и напредок во иднина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери