ВМРО-ДПМНЕ: Ѓунер Исмаил покажа непочитување кон македонската историја и народ

Од:

„Ѓунер Исмаил покажа врвно непочитување спрема македонската историја, спрема македонската држава и спрема граѓаните на РМ.

– Бараме од СДСМ ако сака да покаже дека навистина ја осудува оваа изјава и да го разреши Ѓунер Исмаил од нивните редови. Во спротивно секое оградување на СДСМ по овакви сериозни теми, може да се смета за глума и ништо повеќе. Изјавите со кој се заканува дека со динамит ќе се рушат спомениците на македонските херои и дејци, преставува потценување на желбата за слобода и македонска државност.

– Никола Карев е еден од најсветлите ликови во македонската историја и ниту неговиот споменик заслужил динамит, ниту заслужил кон неговото дело да се говори со таков бес. Жално е што Исмаил говореше со огромен бес и омраза за спомениците, за оние кои што се бореле за слободата, што е несвојствено за човек кој себеси се нарекува интелектуалец.

– Ѓунер Исмаил најмалку што може да направи е јавно да им се извини на македонските граѓани. Ова е сериозен скандал од кој СДСМ проба да се дистанцира исто како што се обиде да се дистанцира од изјавите на Грчев, дадени за телевизија од соседството, во која ги навреди граѓаните и се потсмејуваше со македонската држава и култура, исто како што се огради од повикот на Фрчковски да се размонтираат спомениците со француски клуч.

– Не треба да се занемарат две работи, прво овие изјави се сериозен преседан и во себе носат порака на закана и атак спрема државноста и самобитта на Р.М. и македонската култура и второ, она што загрижува е дека во неколку месеци по трет пат се случува членови на СДСМ, да излагаат со слични ставови. Раководството на СДСМ иако константно се оградува од ваквите ставови, не превзема ништо конкретно за да тие закани престанат.

– Ѓунер Исмаил не е случаен човек, тој е еден од основачите на СДСМ, член на советот на основачи, член на советот за култура на СДСМ, поранешен министер во владите на СДСМ и портпарол на Црвенковски. Секое оградување од СДСМ е неискрено и е потценување на интелегенцијата на граѓаните.

– Бараме од СДСМ ако сака да покаже дека стварно ја осудува оваа изјава и да го разреши Ѓунер Исмаил од нивните редови. Во спротивно секое оградување на СДСМ по овакви сериозни теми може да се смета за глума и ништо повеќе“, изјави Александар Николоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст