ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува извештаите и оценките на ОБСЕ/ОДИХР

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува извештаите и оценките на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваат на спроведувањето на изборниот процес во државата како и изјавите на САД и ЕУ кои се однесуваат на истата тематика.

Истовремено, како што се наведува во партиското соопштение, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги нотира и адресира сите видувања на ОБСЕ/ОДИХР како што тоа го правеше до сега во сите претходни изборни циклуси, вклучително и изборите во 2013-та година, а кои се во насока на понатамошно унапредување на стандардите и критериумите на изборниот процес.

ВМРО-ДПМНЕ изразува благодарност до релевантните претставници на меѓународната заедница за конструктивниот однос и придонес во спроведувањето на мирни, фер и демократски избори.

Како што се наведува натаму во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ активно ќе продолжи со реформскиот процес, со реализација на ветените мерки и проекти, како и исполнувањето на европскиот и евроатланскиот интегративен процес.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела