ВМРО-ДПМНЕ ги потврди програмите на кандидатите за локалните избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека на своите седници Извршниот комитет и Централниот комитет ги потврдија сите програмите на кандидатите за градоначалници и кандидатите од советничките листи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во програмите се опфатени мерки, проекти и активности, кои нашите кандидати за градоначалници се обврзуваат да ги остварат во следниот четиригодишен мандат. Самите програми претставуваат реален одраз за потребите на граѓаните и одговор на нивните барања. Голем дел од конкретните проекти и мерки се диретни идеи кои до нас ги доставија граѓаните, се наведува во соопштението.

Програмите вкупно опфаќаат преку 10.000 конкретни проекти, со прецизни рокови за реализација.

Проектите се во насока на обезбедување на поквалитетен живот на граѓаните, подобра комунална инфраструктура, поддршка за проекти од културата, образованието, младите и спортот. Главен акцент во програмите се стави на обезбедувањето на услови за нови вработувања на граѓаните и реализирање на капитални инвестиции како изградба на локални патишта, улици, нови училишта, амбуланти, детски и спортски игралишта, паркови, канализациони и водоводни мрежи и многу други проекти, се вели во соопштението.

Ветувањата во нашите програми, се наведува натаму во текстот, се со полн кредибилитет, бидејќи во досегашните мандати на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ беа реализирани најголем дел од проектите од програмите за изминатите избори. Тоа е гаранција дека и новите проекти кои се предвидени во програмите ќе бидат реализирани во наредниот период, се наведува во соопштението од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците