А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партијата пратениците кои гласаа за уставните измени

by А1он20/10/2018 - 00:1720/10/2018 - 12:14333
Share0

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците кои вечерва гласаа за уставните измени, Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмалјовска, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ.

Добивај вести на вибер

Ова го кажа партискиот лидер, Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција, откако претходно Извршниот комитет на партијата одржал итен и вонреден состанок.

– Денес е тажен ден во Република Македонија. Црн петок, најцрн ден во независна Македонија. Останува историски траг на кој мора да се биде горд, народот не ја изневери државата, туку Зоран Заев. Волјата на референдумот беше погазена од две третини, но и 8 пратеници кои тргнаа против волјата на граѓаните, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Тој додаде дека на тоа претходела притисоци и закани, ослободување од обвиненија кои се политички прогон.

– Биле понудени и пари. Собранието беше киднапирано од Зоран Заев и ордите околу него, а не издржаа сите на притисоците. Денот кога требаше да се гласа се претвори во лов на пратеници. Некој можеби ќе изрази жалење за пратениците што се опфатени со обвиненија, но јас не, не ја оправдувам оваа постапка, рече Мицкоски.

Тој потсети дека има пратеници кои исто така се опфатени со обвиненија, но вечерва гласале согласно партискиот став.

– Оние кои гласаа „За“ ме разочараа мене, што и не е толку важно, но тие пред се ја разочараа татковината и со тоа треба да живеат, рече Мицкоски.

– Денес Зоран Заев на сила пристапи кон преименување на државата и реализација на Договорот со кој се менува името на Република Македонија, рече Мицкоски.

Тој рече дека Заев нема мандат од народот за да го прави тоа и оти ова е срамно дело кое ќе се памети.

– Македонија е во тешка ситуација токму поради оваа структура на власт. Имавме референдум со лажни гласови, имаме се освен европски принципи, рече Мицкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од ЕУ и НАТО.

Според него, најголем противник на овие вредности е Зоран Заев.

– Договорот е само параван, а во позадина се бизнисите и криминалот кој не застанува. Многумина ќе речат дека ова е крај за Македонија, но јас не велам така. Ова е почетокот на крајот на Зоран Заев, рече Мицкоски.

Тој повика дека мора да се спротивстават на оваа власт и оти ги чека многу работа.

– Ние заедно ќе победиме и тоа ви го ветувам, затоа избегаа од избори. Одлуката со притисоци да ја кршат државата е показател на слабост. Заев, еден ден ќе дојдеш на избори, ќе те победам. Ќе добиеш жестока казна од народот, било да се изборите сега или кога и да се. Најтемно е пред зората, рече Мицкоски.

Виктор Јованов

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Горан Наумовски30/03/2026 - 13:51

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто