ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски со пари на општина Центар расчистува парцели за градба на приватни инвеститори кај Треска

Од:

„Герасимовски со пари на општина Центар расчистува парцели за градба на приватни инвеститори кај Треска. СДСМ ветуваа дека просторот кај поранешната фабрика Треска нема да се бетонизира, а сега гледаме како брутално со народни пари го спремаат просторот за изградба на нови згради кои ќе го загушат тој дел од градот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Горан Герасимовски.

„СДСМ со народни пари работи за приватни бизнис интереси. Додека СДСМ беше опозиција во општина Центар велеа дека откако ќе дојдат на власт ќе ги сменат урбанистичките планови. 10 години се власт во Центар, не само што не ги сменија, туку во Центар се бетонизира секоја слободна зелена површина.

Се што направија 10 години во Центар е штанцање на дозволи за градба за нивната олигархија, кои на сметка на урбаниот простор прават милиони. СДСМ 10 години реди згради како наполитанки без да остави м2 слободна зелена површина. Истото сега ќе продолжи и на просторот кај поранешната фабрика Треска.

Зградите наполитанки ќе се градат во Центар со потписот на СДСМ и Герасимовски.

Центар со СДСМ е бетонска џунгла како да не постои урбанистички план, згради никнуваат на секој чекор“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата