ВМРО-ДПМНЕ: Гасификацијата на Куманово – бунар без дно

Од:

Управувањето на Зоран Дамјановски со Општина Куманово го следат афери, скандали и сомневања за незаконско работење.

Доволно е само да се погледне како работат општинските претпријатија и се ќе стане јасно. Јавните претпријатија се алатка за малверзации, недомаќинско работење и средство за лично богатење на луѓето на Дамјановски за сметка на граѓаните.

Едно од најконтраверзните претпријатија е Куманово Гас, кое требаше да ја спроведе гасификацијата на Куманово.

Гасификацијата на Куманово е еден од главните адути на Дамјановски, иако овој проект е бунар без дно. Огромни пари се вложени, а ефект за граѓаните нема. Нема ниту еден единствен приклучок на приватно лице.

Во 2005 година е формирано “Куманово гас“, во кое како директор Дамјановски го назначува Миомир Богдановски, братот на екс пратеникот од СДСМ и директор на ФЗЦ 11 Октомври Слободан Богдановски, а за претседател на Управен Одбор Драган Митевски – Миткомерц.

Драган Митевски е човек за кој се водеа постапки за незаконски активности, како и измама на населението со неговата МИТ штедилница, во период и на ист начин како и штедилница ТАТ. Е со вакви луѓе Дамјановски сака да прави гасификација.

Згора на се, пред две години имаше еден неуспешен обид за продажба на дел од ова ЈП преку Јавно приватно партнерство, а во јули 2012 уште еден обид, кога уште на седница на Совет не доби согласност за продажба на 49 проценти, што беше причина за раскол во советничката група на СДСМ.

Главните сомневања се дека докапитализацијата на Куманово Гас треба да се изврши преку фирма блиска до Зоран Дамјановски во која има и грчки капитал.

Почитувани,

Со ова се покажува дека гасификацијата е само уште една зделка, од која треба да се офајдат блиските луѓе до Дамјановски. Тоа е параван зад кој се кријат тешки бизнис интереси.

Зоран Дамјановски ниту еден проект не го почна и не го заврши без притоа да биде проследен без скандали и афери. Тој зад себе нема капитални проекти, а веќе 8 години е градоначалник на Куманово. Затоа треба да си замине од функцијата градоначалник.

(Интегрален текст од прес-конференција на Мирослав Стојановски, ВМРО-ДПМНЕ)

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите