ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника по хаосот и скандалот на Онкологија се обидува да се правда

Од:

Филипче во паника и заглавен до гуша во скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда. Филипче како министер за здравство дозволи системски башибозук и непочитување на 60 тина законски одредби. Филипче треба да признае и да се извини затоа што не воспоставил систем, немало регистар, немало следливост на онколошката терапија, немало ништо освен системски хаос. Филипче знае и фактите го потврдуваат тоа дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче во паника се обидува да го брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Со години веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. Тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани. Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија. Филипче треба да знае дека бегање од одговорност нема да има“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата