ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со спротивставени ставови за мигрантската политика

Од:

Венко Филипче денес глуми загрижен патриот, додека во владата со Заев ги распродаваа националните интереси и активно работеа за носење мигранти во Македонија. За време на владеењето на СДС, Зоран Заев заедно со Венко Филипче имаа партиска и државна политика за населување на мигранти, истите оние мигранти кои се проблематични низ Европа. Филипче и Заев не само што биле спремни за населување на мигрантите во Скопје, туку и во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче туркал камп во Бардовци и гласал да се доселат мигранти во Македонија, а за сето тоа има и доказ во Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на Владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.

СДС и Филипче прават конструкции и смислуваат приказни и покрај тоа што сите во државата, но и британскиот амбасадор негираа дека во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија. Филипче и Заев да одговорат колку мигранти биле спремни да примат и колку ќе профитирале со тој чекор? Од што се плашат Заев и Филипче па константно конструираат приказни?

Дали Филипче е толку гласен за мигрантите поради тоа што знае дека договарал носење на мигранти за истите суми кои тој и медиуми блиски до СДС сега ги вадат во јавноста? Дали Заев и Филипче во обид да го затскријат својот криминал се обидуваат друг да наместат? Наместо да креираат приказни, конструкции и шират паника кај населението, СДС и Филипче нека се посветат да си ја реформираат партијата. Единствени мигранти во Македонија се партиските мигранти на СДС кои им бегаат во други партии, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?