ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека мерките не му се на место

Од:

„Венко Филипче и Зоран Заев се разбудија од зимски сон и им текна дека не одело тоа така во кафулиња и ресторани да влегуваат лица само кои се вакцинирани. Им текна дека мерките не се на место, дека се дискриминаторски и фашизоидни. Тоа им го кажаа и граѓаните излегувајќи на улица, изразувајќи револт“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„И сега откако стапи на сила тоа што тие си го замислуваа има кафулиња и ресторни кои не работат, секторот трпи, промет нема, луѓето немаат работа.

Сликата од првиот ден е, нема јасни насоки за угостителите, угостителите не можат да ангажираат нови лица, веќе вработените што попрво да прават, угостителите немаат контролен механизам да бидат сигурни дека некој од гостите не ги излажал и слично.

Глупостите на Филипче и Заев не завршуваат, туку комплетно предизвикуваат хаос. На пример, како невакциниран вработен во угостителски објект кој е потенцијален ризик за пренос на ковид-19, а може да ги служи гостите.

Сега Филипче промовира нови мерки, односно да се бара ПЦР тест за влез и за излез од земјава, арно ама не знае ниту тоа кога ќе почне да се применува.

Да смислат мерки кои ќе спречат ширење на корона не ги бива, ама за земање провизии се махери.

Но, времето на Заев и Филипче помина. Од нив никој ништо не очекува, единствено да прекинат да ги извршуваат функциите со што ќе се спаси народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски