ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

Од:

Венко Филипче функционирајќи како потрчко на Зоран Заев и нанесува штета и себе си, и на партијата и на државата. Оттука Филипче за претстојните локални наместо личности за победа избира личности за пораз. Свесни во партијата за тоа бегаат подалеку, па Филипче останува со потрчковците на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Така за кандидат за главниот град изборот падна на Каја Шукова, која како министер за животна средина освен што се жалеше не направи ништо. Како и да е Шукова прифати да ја игра улогата на слуга на Заев и на Филипче и да се движи кон сигурен пораз. Јасно е дека СДС се подготвува за октомвриски тежок пораз, тоа како да им е јасно и на самите кандидати.

Ова покажува дека кога политичарите се водени од лични бизнис интереси, наместо кон победа се движат по сигурен пат кој води до пораз. Скопје пак има потреба од личност на која приоритет и е градот Скопје и скопјани. Оттука за локалните избори во октомври се знае резултат однапред. Граѓаните ќе дадат црвен картон за политиките на СДС креирани од Филипче, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал